Рони Мур заработи отказ од својот клуб во април откако Фудбалската асоцијација на Англија му изрече суспензија од еден месец и казна од 2.000 фунти заради недозволено кладење, а по еден месец молк, тој ги изнесе деталите.
Мур не бил голем кладилничар, а не ни имал лична сметка, туку „рекреативно" уплаќал тикети од сметката во онлајн кладилница која била регистрирана на името на сопругата на неговиот брат.
Од спорната сметка за која тој тврди дека ја користеле сите од пошироката фамилија, биле извршени 95 уплати со просечна сума од 12 фунти.
Тикетот кој го привлекол вниманието на надлежните бил уплатен на само 1 фунта, а спорно е тоа што било типувано на победа на Транмер против Колчестер, како и победа на Манчестер Јунајтед против КПР минатата година. Спорниот тикет бил добитен, но со сума од само 3,93 фунти.
Англичаните и до сега имаа строги правила и не им беше дозволено да се кладат на тимовите во кои играат или за кои настапувале, како и на натпревари од лигите и натпреварувањата во кои учествува нивната екипа. Но од 1 август фудбалерите и тренерите од првите осум лиги во Англија нема да смеат да се кладат на било кое фудбалско натпреварување во светот.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.