Кога Карло Анчелоти учел за неговата тренерска лиценца во 1997-та година, тој напишал завршен есеј за иднината на фудбалот насловен како "Il futuro del calcio. Piu dinamicita" (Иднината на фудбалот. Повеќе динамичност).
Во него пишува:
„Секогаш постои голем интерес од јавноста за производ кој е поспектакуларен и нуди поголемо задоволство, односно има поголема вредност за парите. Публиката бара возбудување, а тоа може да се направи со брзи промени и разновиден напад со главната цел - приближување кон голот. Во последните години, посебно во Италија, многу време беше посветено на тактиката на играта. Во дефанзивната игра конпцептот на динамиката е ставен на пресинг и офсајд, а во офанзивната фаза на движењето на топката и брзината додавањата.
За да се зголеми ефикасноста на играта, движењето на топката и додавањата мора да се перфектно синхронизирани. Ако помеѓу играчот кој додава и играчот кој ја прима топката нема синхронизација, тогаш концептот на динамичност ќе недостига.
Повеќе тренери посветуваат многу време на наоѓањето на решение за спречување на противничиот напад. Тешко се наоѓа тим кој нема добро организирана одбрана.
Јас верувам дека во иднина еволуцијата на играта ќе ги подобри напаѓачките решенија и повеќе време ќе се посветува на тактиката, но во исто време ќе се држи рамнотежа меѓу одбранта и нападот. Целта во иднината ќе биде да се игра фудбал кој е подинамичен и верувам дека концептот на динамичноста ќе се подобри во иднина затоа што течноста на играта, непредвидливоста и разновидноста во играта се важни оружја за развој на фудбалот.
Фудбалот ќе се развива не само преку играчите, туку и преку луѓето кои имаат големи човечки особини како пожртвуваност, желба за напредување и алтруизам. Ако ги поседуваме овие квалитети, полесно ќе ги исполниме нашите цели и ќе можеме да кажеме дека сме допринеле за фудбалот да стане поубава игра.", напиша Карло Анчелоти во 1997-та година.
Можеби во финалето на Лигата на шампиони екипата на Реал Мадрид не се прикажа во најдобро светло, но на патот до десеттата европска круна тие одиграа одлично во одбрана и динамично во нападот. Кристијано Роналдо, Герет Бејл и Анхел Ди Мариа е најдинамично трио кое некоја екипа го има. Чаби Алонсо е мозокот, Лука Модриќ внесува итрина, а Иско ја успорува играта кога е потребно.
Реал Мадрид под водство на Анчелоти е синхонизирана, разновидна, непредвидлива и динамична екипа со играчи кои работат еден за друг на двете страни од теренот. Пророштвото на Анчелоти се исполни.