Со потписот на договорот, Мојс на својот грб стави товар од: 30–години успешна тренерска кариера, гомила трофеи и вечноста на Ферги.
Имено, Мојс ги имаше потребните карактеристики да направи успех. Повеќе од 500 натпревари за 11 години тренер на Евертон, 3 пати тренер на годината, Шкотланѓанец како Ферги кој го постави за негов наследник. Но Мојс не успеа и Манчестер доживеа најслаб ппласман во Премиер лигата и елиминација од ЛШ.
За да не биде се' така црно по Мојс, Манчестер мораше да му исплати 10 милиони фунти за раскин на договорот.
Наследството што Антонио Конте му го остави на Алегри не е споредливо со тоа на Ферги, но сепак има голема тежина. Во слична околност Јуве беше и во 99–та година кога Анчелоти дојде наместо Липи.
Тимот што доминираше во Европа и во Светот, за две години под Анчелоти стана само вицешампион. Во двете сезони римските клубови му го земаа приматот на Јуве, по што Анчелоти, под голем притисок од навивачите, мораше да замине од Торино.
Нешто потешка задача имаше и Гвардиола, кој иако во Минхен дојде како најтрофеен тренер на Барселона, се соочи со рекордите на неговиот претходник Јуп Хајнкес. Пеп ги одбрани Бундеслигата и Купот на Германија, но потклекна во Европа после поразот од 0-4 на домашен терен од Реал Мадрид во полуфиналето од ЛШ.
Се потеше и Рафаел Бенитез, кога дојде на клупата на Интер во 2010. година како наследник на Мурињо. „Специјалниот“ на Интер му донесе историска триплета (ЛШ, Серија А и Куп на Италија), по што Бенитез не успеа да ги задоволи навивачите на миланскиот клуб.
Шпанецот потоа замина во Наполи, каде притисокот е далеку помал од оној во Милано.