Осама Абдул Монсен е бегалец од Сирија кој стана познат откако пред една недела заедно со неговиот 7 годишен син ги сопна унгарската репортерка Петра Лазло на границата меѓу Унгарија и Србија.
Неговата цел била да стигна до Минхен, но кога сторијата ја слушнале во Шпанија, го качиле на воз за Барселона. Монсен е поранешен тренер и двократен шампион во Сирија со екипата на Ал Фотука на кои му ги има донесено единствените две шампионски титули во 1990 и 1991 година, а во тие две сезони го освоил и купот.
Директорот на школата за тренери CENAFE, му понудил работа и сместување, а единствениот услов пред да почне да работи е да научи шпански. Постои можност тој да добие шанса да работи и во прволигашот Хетафе.
„Кога ја видовме приказната во весниците се почувствувавме многу лошо и преку шпанските новинари успеавме да исконтактираме со човекот. Ние сме центар за тренери и би сакале да помогнеме“, изјави директорот на школата.
„Ќе работиме на случајот, ако може да добие работа и во фудбалскиот клуб Хетафе. Ова е чекор за да ја покажеме нашата солидарност во градот за време на оваа човечка драма“, изјави градоначалникот на Хетафе, Сара Хернандес.
Штом ќе пристигне во Барселона, тренерот од Сирија веднаш ќе отпатува за Хетафе, а школата и локалните власти работат на тоа да ги донесат и неговата жена и две деца кои се наоѓаат во Турција.
Унгарската репортерка која ги сопна Осама и неговиот син, истото му го направи и на едно девојче, а потоа доби отказ на работа.
Шпанија минатата недела се согласи да прими скоро 18.000 бегалци од Сирија и другите земји во рамките на програмата на Европската комисија.