Шпанскиот прволигаш и повремен учесник во Лига Европа, Хетафе, одлучил привремено да го смени името на клубот, па до следниов викенд и мечот против Барселона во Ла Лига, ќе се вика Фе. Овој збор „Фе“ во шпански значи верба а управата соопштила дека се решиле на ова за да им помогнат на сите кои во 2020-та година поминуваат низ тешко време поради глобалната вирусна пандемија, како и на навивачите да веруваат во триумф над Барса.