Група навивачи на Ајакс синоќа си го извалкаа имиџот и тоа на доста нељудски начин кој од нив баш и не се очекуваше. Фатиле да маваат со пива и други предмети и тоа по деца и жени на гостинските играчи. Една од гневните снимаше и раскажуваше што се случило.
Згора на сè се пожали и дека не биле заштитени од службите за безбедност и поради тоа предвреме морале да ја напуштат трибината. На видеото се гледа едно дете кај мајка му во раце како се држи за око, како и еден навивач кој го бркаат. Црепови.