Ги одбравме затоа што во прашање се великани кои скроз нетипично за нив заедно во прво полувреме примија 7 гола.
Второ затоа што имаме убава голеада за гледање и трето, не паметиме кога некој последен пат успеал да даде волку голови на волку тврди екипи и тоа за едно полувреме.
Атлетико - Хетафе 3:3, Бохум - Баерн 4:1. Ова се резултати по првите 45 минути.
Атлетико се извади во 89-та минута и победи 4:3, а Баварците доживеаа дебакл и загубија 4:2. Хетафе е 15-ти во Шпанија, а Бохум 11-ти во Бундес.
Баерн за 6 минути прими три гола, Атлетико за 12. Какви голгетерски изненадувања.