Таг: бохум

Ги видовте ли двете луди полувремиња на Атлетико и Баерн?

Можеби ги игравте на спортска или можеви ги рипнавте на спортска, па сега се каете откако видовте колку голови паднаа. Како и да е, имаме понеделнички спортски преглед на две меча кој не е за испуштање.

Велеслаломот на Бохум е прогласен за гол на годината во Бундеслигата

Тргна храбро во дуел со двајца, ги изеде и потоа издрибла сè што му застана на патот. Најдобриот гол во Бундеслигата за 2021-ва е прогласен оној на Герит Холтман на дуелот Бохум - Мајнц.

Најчудниот пенал некогаш досуден во Германија

За време на дуелот меѓу Холштејн Кил и Бохум во германската втора лига, домашниот резервен играч Михаел Ебервејн се загреваше зад голот. После еден шут топката тргна кон гол-аут, но Михаел ја сопре. Според правилникот, судијата има право да досуди пенал поради овој прекршок. По прегледување на ВАР, судијата Тимо Герарх тоа и го направи па Бохум си доби пенал.

Пајо Патор од Бундеслигата

Тренерот на Бохум, Петер Нојрурер е еден весел лик кој редовно ги забавува медиумите и навивачите во Германија.