Реал Бетис синоќа ги собра веројатно најсреќните 3 гостински бодови со погодок во 89-та минута, ама со голема доза на судиска неправда. Навивачите на Хетафе рипнаа во судиското продолжение кога Леандро Кабрера му донесе 1:1 на својот тим, ама судијата или не виде дека топката е цела во гол или се направи наудрен. Шпанците немаат ВАР, ама зарем не користат видео технологија која ова го решава во секунда?