Во мај 2012-та автомобил бомба во близина на Дамаск го буди од спиење 24-годишниот Гаит, инаку студент по право. Тој се прибира колку може, оди до прозор, ја трга завесата и преку улица гледа како гори еден седан, а околу него се расфрлани делови од тело. Жртвата е еден негов сосед, инаку Алавит, кој е мета на атентат. По ова, работите стануваат уште полоши.