Паралелно со почетокот на школската година, германската армија започна обука за сириски бегалци во која 12 недели ќе ги учи најразлични градежни вештини, надевајќи се дека некогаш кога ќе се вратат назад во Сирија, ова знаење ќе им помогне во изградбата на земјата.
Првата генерација е составена од 120 бегалци, кои ќе учат инженерство, градежништво, водовод и слични занаети.
Според германската министерка за одбрана, една од главните иницијатори на обуката, на бегалците, дури и да не се вратат во Сирија, програмата ќе им помогне да стекнат знаења што им се потребни за да најдат работа во Германија.
„Не знаеме колку време ќе им треба додека ќе можат да се вратат, па ќе мора да преживуваат додека се тука“, изјавила министерката Урсула фон дер Лајен.