Универзитетот Шефилд анализира 3 милиони постови на социјални медиуми, за да го провери нејзиното влијание. Се до појавувањето на сликата, луѓето наизменично ги користат зборовите "мигранти" и "бегалци". Се развива јавна дебата околу ова, во која БиБиСи одлучува да го користи "неутралниот" термин мигрант, додека Ал Џезира критикува дека овој збор "еволуирал од сопствените дефиниции во речникот во алатка која дехуманизира и оддалечува." Откако се појави сликата на Курди (кој се удави заедно со мајка му и брат му), драматично се зголемува бројот на луѓе кои го користат зборот бегалци.
"Во најголемиот дел од 2015-та, користењето на зборот мигранти и бегалци во јавниот говор беше изедначено, заземајќи речиси ист волумен во период од 9 месеци - 5,2 милиони твитови наспроти 5,3 милиони твитови. По 2-ри септември ова радикално се менува. Бројките драматично растат во корист на јасен фокус кон бегалците - 2,9 милиони твитови наспроти 6,5 милиони твитови," објаснува истражувачот Франчесто Д'оразио во изјавата околу студијата.
Процената е дека фотографијата најмногу придонела кон давање човечки лик на бегалската криза и "создавање на голем број хаштази кои луѓето ги користат за да извршат притисок на своите влади да одговорат на ова."
Инаку, истата слика ја користи и ИСИС ама кај нив намената е да ги обесхрабри муслиманите од мигрирање во Европа.