Египет нема формален процес за добивање на азил, а Сиријците кои се таму во најголем дел не се сметаат себе си за бегалци. Тие влегуваат во Египет во првите години од војната како туристи, без намера трајно да останат таму.
Иако најголемиот дел од нив доаѓаат во времето на Морси, неговиот наследник Сиси подолго време е одговорен за бегалците, и тој е свесен за нивната тежина и предноста што му ја овозможуваат во преговорите со Европа.
Процената на експертите е дека Каиро себе си се претставува како партнер на кого Европа може да смета во однос на имиграциската политика и кој се грижи речиси никој од бегалците на негова територија да не стигнат до континентот од карши. За возврат Европа се труди „да ги спречи причините за миграција“ што главно значи финансиска помош за египетските власти.
Сето ова е по истиот терк на соработка меѓу ЕУ и Гадафи, а подоцна и договорот ЕУ - Ердоган.
„ЕУ прави се што може за да ги спречи бегалците и мигрантите да стигнат до европска почва, и е подготвен да троши големи суми пари за да го направи ова. Притоа таа диктаторите ги претвора во вратари на Европа, и затвора очи кога е во прашање злоупотреба на човековите права. Сите договори со неправедните режими треба да бидат прекинати ако ЕУ не сака да ја сноси одговорноста за овие прекршувања на човековите права,“ објаснува Рамона Ленз од Медико интернационал.