55.7 години
Просечната должина на животот на која можеа да се надеваат Сиријците во 2014. Пред 2010-та година таму животот траеше во просек 79,5 години.
470.000
Една од последните бројки за загинатите. Обединетите нации во 2014 стигна до број од 250.000 жртви и после - престанаа да бројат.
1.9 милиони
Број на повредени во конфликтите. Според локалните групи за следење на состојбите, повеќе од 10 проценти од целокупната популација на Сирија загинале или биле повредени во војната.
94
Број на загинати новинари од 2011 до сега.
161
Број на конфликти во кое е употребено хемиско оружје. Потврдено. Има уште 133 такви напади кои не можат целосно да се документираат. Најмногу се користел хлор, сарин, иперит....
1.491 и 14.581
Минималниот број на загинати и повредени од хемиско оружје во потврдените случаи.
705
Број на загинати доктори и медицински лица од почетокот на војната.
15.525
Број на деца кои без придружба на возрасни избегале од Сирија.
50,000+
Приближен број на фотографии кои излегоа од Сирија благодарејќи на поранешен фотограф на воената полиција со кодно име Цезар. Фотографии кои сведочат за тортурата на режимот на Асад.
306.000
Број на сириски деца кои се родени како бегалци во последниве пет години.
3.7 милиони
Вкупен број на деца родени за време на конфликтите.
4.8 милиони
Број на Сиријци кои избегале од земјата од 2011-та. Од нив 2,7 милиони во Турција, еден милион во Либан, 639.000 во Јордан, 246.000 во Ирак, 118.00о во Египет.
8.4 милиони
Проценета бројка на деца погодени од конфликтот, без разлика дали се во Сирија или се бегалци.
13.5 милиони
Број на луѓе на кои им треба некаква хуманитарна помош во Сирија. Половина од нив (речиси 7 милиони луѓе) се внатрешно раселени лица.