"Ние го прифативме фактот дека имаме прикриени ќелии во Германија. Имаме суштински извештаи дека меѓу бегалците се испратени и обучени убијци. Има стотици вакви извештаи, дел се и од самите бегалци. Се уште ги истражуваме тврдењата," изјавил заменик директорот на баварската разузнавачка агенција, Манфред Хаусер.
По негови зборови, службите имаат "несоборливи докази дека во земјата ИСИС веќе има воспоставено командна структура," заради што е многу поголема веројатноста за координирани напади како оние во Париз или Брисел.
Баварија беше влезната точка за најголемиот дел од над 1 милион бегалци кои во 2015 пристигнаа во Германија од Блискиот Исток, претежно Сирија.