Во неделата данскиот парламент дебатираше околу мерка која на граничната полиција ќе и дозволи да им го запленува целиот накит и готовина на бегалците во вредност од над 300 евра, и истиот ќе биде искористен за намалување на трошоците за нивно вдомување.
По дискусијата данската влада одлучила да им даде малку оддишка на бегалците од секојдневните убавини кои ги следат во последните неколку години па вовела ограничување на ваквиот предлог, и пресекла дека бегалците ќе може да ги задржат своите венчални прстени, мобилни телефони и лаптопи. Мерката допрва ќе треба да биде изгласана. Најмалку еден дански парламентарец инсистирал дека венчалните прстени со дијамант над одреден број карати, исто така треба да бидат конфискувани.
Сорен Пинд, данскиот министер за имиграција, пред домашните телевизии објасни дека ова е единствен начин на кој земјата (со БДП од 336 милијарди долари) може да си дозволи да ги смести бегалците кои бараат азил.
"Зборувам за ситуација во која има лични предмети кои се од голема вредност, но без сентиментално значење. Зборувам за ситуација во која човек доаѓа со куфер дијаманти и бара заштита од Данска. Тоа е фер," објаснил Пинд пред медиумите што е фер.