Главните пари се прават на рутите до грчките острови во Егејското море, кои потоа преку Македонија или Бугарија водат кон Западна Европа. Вториот прилив е рутата од Северна Африка преку Медитеранот.
Извештајот што Европол го објави во понеделникот тврди дека шверцот на луѓе е најбрзо растечкиот криминал во Европа, и проценува дека најмалку 12.000 луѓе вадат пари од овој бизнис. Ако сè оди со истото темпо како минатата година, за 2016-та се очекува раст на бројките за два до три пати.
Според ИОМ, само годинава, во овие 54 денови, во Грција од Турција пристигнале над 83.500 бегалци. Притоа загинале најмалку 320 луѓе. Паниката е дека како што ќе се стоплува времето така ќе се зголемува и бројот на бегалци. Лани за цела година, преку Грција минаа 853.000 бегалци. Оваа рута ја користат околу 85% од бегалците.
Утехата на Европол е дека многу се мали шансите овие рути да ги користат луѓе поврзани или обвинети за тероризам. Нивните процени се дека помалку од 0,01 процент од терористите имаат некаква поврзаност со мигрантите.