
Ситуацијата која ретко каде може да се види е поврзана со фудбалскиот клуб Дрина од Зворник и нејзиниот сега веќе поранешен тренер, Владица Петровиќ.
Управата на Дрина решила да ја прекине соработката со Владица Петровиќ и тоа го објавиле на својата Фејсбук страница, така што овој стручњак на тој начин дознал дека е поранешен.
За ситуацијата од тажна да премине во комична се погрижил самиот Петровиќ кој во коментар под соопштението на клубот на Фејсбук се заблагодарил на известувањето. Под неговиот коментар еден читател напишал дека било време за тоа, а тренерот Петровиќ му го лајкнал коментарот.
До изборот на новиот тренер, екипата ќе ја води досегашниот втор помошник Светозар Вукашиновиќ. Клубот Дрина од Зворник годинава одбележува 70 години постоење.
Табелата во Премиер лигата на БиХ: