Како што и се очекуваше, Манчестер Јунајтед утринава ја објави веста дека Дејвид Мојс го напушта клубот. Мојс не ги исполни очекувањата и клубот под негово водство оствари очајни резултати, па управата на Манчестер Јунајтед немаше за што друго и му се заблагодари за напорната работа и чесноста.
BREAKING: The club would like to place on record its thanks for the hard work, honesty and integrity he brought to the role. (part 2 of 2)
— Manchester United (@ManUtd) April 22, 2014
Дејвид Мојс е прв тренер од 1986-та година кој добил отказ од Манчестер Јунајтед, а ваква разврска на настаните деновиве беше очекувана. Водечките британски кладилници веќе неколку денови не примаа уплати за опцијата дека Дејвид Мојс ќе заработи отказ од Манчестер Јунајтед.
Кладилницата Sky Bet во понеделникот го намали коефициентот од 3,25 на само 1,25 а потоа и ја блокираше опцијата за кладење на отказот на Дејдив Мојс.
Ladbrokes веќе почна да прима уплати и на неговите наследници. Според нив, најголеми шанси да седне на клупата на Манчестер Јунајтед по Дејвид Мојс има Рајан Гигс кој најверојатно ќе биде негова привремена замена за следните натпревари. Коефициентот за него е 6. Следи тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп со коефициент 7, а по него е Ван Гал со коефициент 9.
Кладилниците веруваат дека дури и Алекс Фергусон би можел да се врати на клупата, па Paddy Power му дава подеднакви шанси со Клоп и во нивната понуда тие имаат коефициент 7.
Шегобијците од Paddy Power даваат можност да уплатите пари и дека судијата Хауард Веб ќе биде следниот тренер на Манчестер Јунајтед. Коефициентот за делителот на правдата за кој навивачите од Англија сметаат дека секогаш е на страната на Јунајтед е 501.