Младиот шкотски стратег заминал во Нигерија со богато CV, како поранешен тренер во младинскиот погон на Селтик, Глазгов Ренџерс и Челси, а во Нигерија му понудиле да тренира 60 фудбалери на возраст од 12 до 22 години во интернационална младинска академија.
Условите биле годишна плата од 32.000 евра, голем стан и приватен шофер кој истовреме требал да му биде и обезбедување. Но целата приказна за 26 годишниот Томас се претворила во хорор филм.
„Првите три недели ме тренираа како крал и без никакви проблеми ги тренирав играчите. Потоа наеднаш се смени сè, а привремениот престој во хостел ми стана постојат. Пасошот ми го земаа со образложение дека туристичката виза требале да ми ја променат во работна, а за платата секогаш ми велеа да имам трпение и дека ќе ми плателе кога академијата ќе почнела да прави профит“,
Тој живеел во хостел во мизерни услови. Се бањал со кофа со ладна вода, добивал еден оброк на ден, а немал ниту тв, ниту интернет. Секогаш кога ќе се пожалел за нешто или кога ќе побарал да си оди дома, добивал закани.
„Кога татко ми побара помош од амбасада, беше полошо, затоа што бев обвинет за кражба. Портите во дворот од хостелот беа затворени, па се обидов да избегам и да скокнам преку високите ѕидови. По 10 месечниот кошмар конечно со помош на амбасадата успеав да се вратам дома“, раскажува Томас.
Во Шкотска веднаш бил задржан во болница за да добие лекарски третман за тешката заразна болест, а искуството им го раскажал во шкотската фудбалска федерација со цел да ги спречат тренерите кои во иднина размислуваат да тренираат деца во Нигерија.