Голманот Овоно и натаму бил длабоко потресен, пишува шпанска Марка. Едвај излегува од дома и се наоѓа на лекување под надзор. Голманот им се доверил на клупските психолози и лекари: рекол дека постепено му се повраќа по малку сила но се уште е далеку од враќање на било што што би личело на нормален живот.
Тој уште не е вратен на тренинзите, ниту пак ќе се врати додека не е спремен. Во меѓувреме Овоно побарал од клубот помош во организација на евентуална средба, дали преку писмо, дали преку телефонски повик или посета на семејството на починатиот фудбалер на Овиедо Хесус де Мигел, со цел да ја подели нивната тага и лично да им изрази соучество.
Голманот сакал да се јави на семејството уште дента по несреќата а со неговите најблиски размислувал и да оди на погреб но клубот и неговите соиграчи му советувале малку да почека.
Тој побарал да разговара со членовите не семејството на Хесус де Мигел и да им се стави на располагање за што и да треба. Андора им се обратила на луѓето од Тенерифе за да разговараат за ситуацијата но клубот од Островот побарал уште малку време со цел да „се испочитува тагувањето на семјеството“.
За сега, во моментов останува само да се чека додека семејството се соземе колку и да може, а Овоно пробува да се извлече од оваа тешка ситуација од која е тешко да се излезе при што сосема е неизвесно дали сака веќе пак да му се врати на фудбалот, на тренинзите, на натпреварите и да игра со своите соиграчи.
Жерар Пике, првиот човек на второлигашот Андора и некогашен капитен на Барселона кој е сопственик на клубот, и натаму редовно го посетува младиот голман. Мајка му и девојка му живеат со него и се обидуваат да му помогнат да го преброди овој тежок период. Соиграчите го посетуваат исто речиси секојдневно.
И Тенерифе и Андроа на оваа ситуација и пристапуваат со посебен такт и чуствителност и покажуваат прав пример како клубови треба да се однесуваат со голема доза разумност. „Мораме да му дадеме простор за да се чуствува целосно слободен да донесе каква било одлука - било да сака да се врати или не сака, во моментот кога ќе смета дека е тоа прикладно и кога ќе почуствува дека е спремен“, рекол тренерот на Андора, Карлес Мансо во пресрет на враќањето на Андора во првенството.