Шестгодишниот Ајден Хедриџ кој живее во Данди му испратил писмо на извршниот директор на шампионот на Шкотска, Питер Лавел и побарал да го замени Нил Ленон кој по пет години си замина од Селтик Парк.
Директорот на 45 кратниот шкотски првак го разгледал писмото и му пратил официјален одговор на малиот јунак со известување дека Селтик веќе има нов тренер.
„Како што веќе знаете, за нов тренер на Селтик е назначен Руни Дејла. Веруваме дека со неговото знаење, ентузијазам и самодоверба кои се потребни за да го води клубот, ќе носи успеси. Навистина сум почестен што би сакале да бидете нов предводник на Селтик и можеби еден ден тоа ќе се случи. Се надевам дека уживате на училиште, како и во летниот распуст“, стои во писмото на клубот.
Со учтивиот одговор Ајден добил и подарок.