По Џад Бренсон, шестгодишно момче кое му пиша на Мурињо со молба да стане нов тренер на Астон Вила, на ред дојде приказната на малиот Чарли Пај.
Во февруари годинава, Пај пратил писмо во клубот, во кое се кандидира себеси за нов менаџер на Астон Вила, но под услов татко му да биде дел од стручниот штаб и со кола да го носи на тренинзите, а мајка му да може да спрема кифли за играчите.
Откако Тим Шервуд ја препороди Астон Вила, која нанижа неколку победи во серија, атмосферата во екипата е далеку подобра отколку што беше со Пол Ламберт кој доби отказ. Во таков амбиент, Шервуд одлучи да му врати преку писмо на малиот Чарли.
„Драг Чарли,
Од твоето писмо се гледа дека ја разбираш играта и дека си компетентен. Поради тоа сум сигурен дека ќе бидеш голем помошник тренер. Се надевам дека не беше многу разочаран што не успеа да ја добиеш работата. Ако може да те утешам некако, знаев дека ќе се бориме „глава со глава“ до крајот и свесен бев дека ти беше блиску да ја добиеш работата.
Претседателот на клубот, Том Фокс ме информираше дека ја сочувал твојата телеграма во клубот, затоа што никогаш не се знае. Се надевам дека ќе успеам да направам големи резултати со клубот и да те направам среќен тебе и сите наши навивачи.
Што се однесува до твојата кариера, ти посакувам многу успех во твојот клуб Нортон Линдзеј и ти честитам што стана капитен на екипата.
Тим Шервуд.