Арсен заминува од Арсенал

Преку официјално соопштение на клупската страна, легендарниот француски тренер објави дека по завршувањето на сезонава си оди од својот дом кој го водеше 22 години!

Соопштението на Венгер: 

„По внимателно размислување и по разговорите со клубот, сметам дека е право време да заминам по крајот на сезонава.

Почестен сум што ја имав привилегијата да му служам на клубот толку многу вредни години.

Го предводев клубот со целосна посветеност и интегритет.

Сакам да им се заблагодарам на луѓето од управата, на играчите, на директорите и на навивачите кои го прават овој клуб толку посебен.

Ги молам навивачите да застанат зад тимот за да заврши повисоко.

До сите вљубеници во Арсенал да се грижат за вредностите на клубот.

Ја имате мојата љубов и поддршка засекогаш“,

Арсен Венгер

Венгер го водеше Арсенал на 823 натпревари во Премиер лигата и има учинок од 473 победи, 199 нерешени и 151 пораз. Освои 3 шампионски титули, 7 ФА Купа (повеќе од кој било друг во историјата). Арсенал во моментов е 14 поени зад четвртото место кое води во Лига на шампиони и е целосно посветен на освојување на Лига Европа како карта за место во елитното друштво следната сезона. Во полуфиналето ќе играат против Атлетико Мадрид на Диего Симеоне.

Повеќе за кариерата на Французинот:

КАКО ПОРАЗ ОД 10:1 БИЛ ПРВ ЧЕКОР НА ВЕНГЕР КОН ВЕЛИЧИНАТА

ЕДИНСТВЕНИОТ ЧОВЕК КОЈ ГО ОДБИЛ РЕАЛ МАДРИД

20 април 2018 - 11:24