Во јуни 2003. година Флорентино Перез добил интелектуално растројство: Никој уште не знае зошто претседателот на Реал Мадрид го избркал Висенте дел Боске, скромниот тренер кој им донесе два пехари од Лига на шампиони за три години.
А Перез имал голем, но утописки план - боссот на Реал бил инспириран од играта и филозофијата на Арсенал и решил да го намами Венгер од Лондон.
Агентите кои му помогнале на Перез да воспостави контакт со Арсен после неколку години го реконструрирале текот на настаните. Се испоставило дека Флорентино го сакал Французинот во Мадрид уште од 2001. година.
Тромите преговори траеле повеќе од две сезони, а после влегле во критична фаза - господарот на ’Кралевите’ се состанал со Венгер само два дена по отказот на Дел Боске. Тие разговарале, но разговорот станал монотон зошто Перез повторувал една те иста теза: „Ќе ти го донесеме Виера, ќе ти го купиме кој играч сакаш, било кој“, но тренерот на Арсенал не паднал во искушение од мадридското богатство: „Видете, имам договор и го уважувам. А и повеќе сакам да работам со млади“, одбивањето било љубезно, но цврсто.
Венгер тогаш го здивел Перез: не само што го одбил Реал, не само што покажал дека парите не решаваат се во животот, туку и ги изгради ’Непобедливите’ кои станаа шампиони во рекордна сезона без пораз! Лесно е да се замисли како беснеел Фло во пролетта 2004. година кога Реал падна на четврто место во Ла Лига, а Арсенал ги мачкаше ривалите во Премиер лига и правеше шоу секое коло.
Откако останал без Венгер, Перез бил без компас: безвредни тренери кои Флорентино хистерично ги назначуваше, завршуваа толку брзо во Реал отколку Инстаграм стори. Така познатиот бизнисмен се повлече и даде оставка - ова се случи во зимата 2006-та по неочекуваното испаѓање на Реал од Лига на шампиони.
После три години Перез се појави пак на претседателски избори и повторно беше избран за прв човек на Реал Мадрид. И прва задача и глобален план му бил истиот - да го украде Венгер од Арсенал: „Топџиите“ тогаш беа во сушна сезона без трофеи, трансфер буџетот им се намали до 20 милиони евра па Флорентино сметал дека сега е шансата.
На Венгер му било пеколно тешко да каже ’не’. Франзуцинот ја уважувал управата и важечкиот договор.
„Арсен е единствениот кој го одби Реал“, признал менаџерот Марк Роџер кој пишувал роман за приказната меѓу Венгер и Мадрид уште во 2003. година.
Според Роџер денес официјално може да се констатира дека Венгер минимум два пати го одбил „Кралскиот клуб“.
Постои и легенда, дека после вториот игнор од Венгер, Флорентино Перез посебно сакал тренер кој целосно наликува на Французинот. Мануел Пелегрини бил на некој начин евтина верзија на Арсен: висок, седокос, спокоен, мирен и неконфликтен тренер кој сака филозофија на отворен фудбал.
После на „Бернабеу“ беше уште повесело.
Во 2013-та Мурињо беше во аут, Перез преговарал со Арсен но на крај морал да се задоволи со Анчелоти.бВо 2016-та беше раскинат договорот со Бенитез, Зидан го назначија за в.д. тренер, а Перез спремал мега-понуда за Венгер. Но Зизу ја освои Лигата на шампионите и заслужи полн договор. Последниот полу-инсајд на релација Арсен-Реал излезе во април минатата година кога шпанскиот AS напиша дека Перез ќе го назначи Венгер ако Зидан не ја освои Ла Лига.
А Зидан како за инает на Реал му ја донесе најуспешната година во клупската историја. Но Перез не можел да издржи и со омилениот човек се сретнал во јуни 2017-та кога Венгер му кажал дека Белерин нема да прејде во Барселона. На крајот од тој состанок претседателот излегол од ресторанот со ведро лице.
Денес сè оди натаму Перез конечно да го оствари сонот и да го назначи Арсен за нов тренер. На Венгер договорот му истекува во 2019-та но се е поголем притисокот од навивачите на Арсенал клубот да сврти нова страница.
Притоа ако Зидан не ја стабилизира играта и не ги повтори резултатите од 2016/2017 (а не ги повторува), Венгер за 70. роденден би можел да добие убав подарок: убиствен состав, верен претседател, неверојатна академија и бескраен трансфер буџет.
А треба да биде премногу дрзок да ја одбие и таа понуда - фактички последна шанса да ја заврши кариерата достојно, а не во Лига Европа. Но, којзнае, можеби и Арсен ја слушнал приказната дека со Флорентино е убаво да се дружиш, но не и да работиш.