Во Карингтон, клупскиот центар на „црвените ѓаволи" стара традиција е гуштерите да играат пантомима со играчите од првиот состав, кои играат мајтап со помладите. Кога ќе погледнам назад, пишува Сколс за Индепендент, се сеќавам дека меѓу седумте џуџиња бевме јас, Гери Невил, Дејвид Бекам и Ники Бат. Не можам да се сетам кој од нас беше Глупчо.
Претставата секоја година ја водеше поранешниот клупски лекар, Џим МекГрегор, кој пазеше на секој детаљ, од сценариото па до нашиот изглед. Џим пазеше и како ќе одиме на сцената облечени како 7-те џуџиња.
Целата поента на задачата беше да испаднеш будала во очите на соиграчите, и не така лошо нешто ако се знае дека тогаш бевме тинејџери кои сакаат да се докажуваат секојдневно. И ние како гуштери знаевме грубо да се шегуваме со постарите фудбалери во екипата. Таа традиција продолжи и по моето повлекување, а подоцна уживав додека ги гледав големите играчи на Јунајтед како се предмет на потсмев од помладите. За странските играчи оваа традиција е нешто што никогаш ја немале претходно во кариерата и да бидам искрен, често подобро ги прифаќаат шегите од домашните фудбалери, пишува Пол Сколс.
Многу го сакам фудбалот за Божиќ и Нова година, уште како дете гледав и играв фудбал во овој период од годината. Стадионите се некако поразлични, луѓето повесели, расположени и атмосферата е поинаква.
Во Јунајтед имавме рутина која никогаш не се смени под водство на Сер Алекс Фергусон. За Божиќ, Ферги ни даваше слободно попладне за ручек со најблиските, а јас имам три деца и тоа многу ми значеше. За храната, имавме препораки да не претеруваме а забрането беше и да се јадат пудинзи или да се пие алкохол. Тренингот следуваше навечер, под рефлектори во времето за чај (teatime), околу 20 часот. Целата недела пред Божиќ беше полна со разни церемонии, а најинтересно е кога целиот стручен штаб ги послужува играчите, па комотно можете да му кажете на Фергусон да ви донесе вода, чај, сок...
Рене Меуленштен (помошникот на Фергусон) беше задолжен за послужување на храната. Во тие неколку часа во Карингтон, играчите и вработените во клубот може да побараат што сакаат од тренерите, затоа што тоа се сметаше за нивна награда за нашите заслуги во текот на сезоната. Ти се јаде уште една супа? Викни го Рене. Ти се пие уште еден сок? Викни му на Фергусон да ти донесе и да те послужи.
Таквите настани го прават Манчестер Јунајтед тоа што е, ја заклучува Сколс колумната, во која напиша и бројни пофалби за Тиери Анри, за кого вели дека бил еден од најтешките фудбалери за чување на теренот.