Веќе 8 години како фудбалот во Англија и општо во цел свет е посиромашен откако во пензија замина Пол Сколс. Цела кариера (1993 – 2013) му ја посвети на Манчестер Јунајтед за кој има 150 голови, над 700 настапи и освоено 25 трофеи од кои 11 титули во Премиер лига и 2 во Лига на шампиони.
Ќе остане во аналите на Манчестер, како една од најголемите клупски легенди на сите времиња, кој тивко, од позадина држеше фудбалски лекции без голем медиумски прч. Човек кој ја одбележа Премиер лигата во две декади. Погледнете со каков респект зборуваа за него овие славни ликови.
Децата денес никогаш нема да сфатат колку добар играч беше Пол Сколс.
Меси: Во Ла Масија многу се споменуваше неговото име. Тој е учител овде.
Чави: Тој е најдобриот играч од среден ред што сум го видел во последните 15, 20 години.
Тиери Анри: Тој е најдобриот играч во историјата на Премиер лигата.
Роналдињо: Сакам да подавам како него. Кој го научи како да го прави тоа?
Роналдо: Тој е феноменот.
Пеп Гвардиола: Сколс е најдобриот играч за врска во својата генерација. Би сакал да можев да играм со него.
Пеле: Ако играше со мене ќе постигнев многу повеќе голови.
Диего Марадона: Техниката на Сколс е уникатна.
Арсен Венгер: Сколс не го доби целосно сето тоа што го заслужи како играч бидејќи не е медиумска икона. Тој не трча по медиумите за да биде во весниците. Јас го почитувам тоа.
Андрес Иниеста: Пол Сколс е жива легенда.