За стилот на игра: „Во играта на Јунајтед нема острина, нема закани, нема квалитет. Јунајтед е просечен тим, а со просечен тим може да се постигнат само просечни резултати.“
За трансферите: „Клубот отпушти 3-4 напаѓачи. Ако ги сочуваа ван Перси и Чичарито Хернандез сè ќе изгледаше многу подобро. Марсијал би можел да влезе од клупата и да го загрози противничкиот гол. Мислам дека тоа е грешка на раководството.“
За филозофијата: „Велат деак клубот има филозофија, дека тоа бил процес. Според моето мислење, на Манчестер Јунајтед не му треба филозофија. Навивачите сакаат да видат напаѓачки фудбал. Тоа е начинот на игра на Манчестер Јунајтед.“
За напаѓачите: „Сум играл како централен напаѓач. Мислам дека напаѓачи како Нистелрој, Кол, Јорк и Шерингем не би можеле да играат во оваа екипа. Топката наместо во казнениот простор, ја даваат на крилата, а играчите од средниот ред не дозволуваат пренос на курсот. Можеби ова не е тим во кој јас лично би сакал да играм.“
За третманот на фудбалерите: „Многу сум загрижен за кавгите на ван Гал со играчите. За некои од нив тој е сам виновен: како Ди Марија, Валдес. Луѓето 25 години зборуваа за односот на Фергусон со фудбалерите, но Фергусон покажуваше сочуство, пријателство, а Ван Гал е постуден со играчите. Не правите добро, ако ги водите играчите со вас, а потоа ги одвојувате од тимот".
За проблемите во составот: „Ако Луис ван Гал играл ист фудбал во Баварија или во Барселона и ако потрошил толку пари, тогаш таму ќе имал голем проблем."
За нападот: „Играчите со топка изгледаат како да ризикуваат да покажат некоја индивидуалност во нападот, како да ги чека смртна казна. Изгледаат како во случај на грешка да ги чека казна и страдање."
Питер Шмајхел
За публиката: „Навивачите на Манчестер Јунајтед се навикнати на некој друг фудбал. Ова е клуб на вредни луѓе кои доаѓаат после работа на Олд Трафорд за да се опуштат и забавуваат. Навивачите имаат право да бараат добар фудбал и мислам дека треба да продолжат да го бараат тоа."
За стилот на игра: „Малку навивачи на Манчестер Јунајтед се задоволно од играта на тимот под ван Гал. Јас сакам да го видам Манчестер кој се обидува да победи, кој напаѓа. Во најголем дел од времето така се играло со Базби и со Фергусон, тие секогаш одеа на победа".
За тренерот: „Ван Гал никогаш не ја кажува целата вистина и не знаеме што има во план. Тој секогаш зборува дека сè e под контрола, дека сè оди во права насока, но јас немам појма што сака да постигне со тоа на крајот."
Рио Фердинанд
За играта: „Навивачите на Манчестер Јунајтед мора да се научат да го гледаат нашиот тим на нов начин. Немојте да одите на натпревар чекајќи го напаѓачот да даде гол. Безличен фудбал. Сега со овој метод на игра, чекаме шанса, а тимот се гуши".
За настапот во ЛШ: „Не заслужија да одат во следната рунда. Манчестер Јунајтед важеше за екипа која ќе ја мине групата без никакви проблеми, со оглед на тоа колку пари потрошија, така што може да разберете зошто навивачите се незадоволни".
Рене Меленштен, долги години беше помошник на Сер Алекс Фергусон.
За агонијата: „Јунајтед се оддалечи од стилот на игра на Сер Алекс Фергусон. Он сакаше играчите слободно и креативно да играат, па понекогаш и ризично. Кај Ван Гал многу се води сметка за одбраната, плашливо се оди кон противничкиот гол, играта е бавна и сè потешка".
Рој Кин
Кој е виновен: „Тренерот и играчите се многу критикувани. Луѓето зборуваат за тактика, за формации, но и за самите фудбалери. Мислам дека Јунајтед секогаш имал еден или двајца посебни играчи кои можат да направат разлика. На денешниот Јунајтед му требаат момци со карактер, со лидерство. Мислам дека тренерот е многу фален кога се победува и многу напаѓан кога се губи."
Барем еден мораше да застане на негова страна...