Таг: гери невил

Роналдо го рецна и Гери Невил

Кристијано Роналдо не трпи критики. Не многу одамна помина покрај студиото на Скај спорт и се поздрави со сите освен со Џејми Карагер. Пред мечот против Вест Хем, суетата не му дозволи да му каже едно здраво ниту на Невил со кој делеа еден куп убави мигови на Олд Трафорд. Се поздрави со Луј Саха и Џејми Реднап, ама не и со поранешниот соиграч кој го критикува на тв.

Невил: Ми се гади од одлуката на Јунајтед и Ливерпул, дајте им ја титулата на Барнли

„Треба да им бидат одземени бодови и парично да бидат казнети. Ова е криминал. Ова е казнено дело против љубителите на фудбалот. Одзмете им ги трофеите и дајте им на Барнли и Фулам“, вели бесниот Гери Невил.

Од едно време во Манчестер кога победата е поважна од братот

Играа заедно 11 години, се радуваа заедно на 14 трофеи, ама кога во 2005-та Фил направи трансфер во Евертон, а Гери остана во Јунајтед, браќа да, може, ама после утакмица. Сега фокусот е 3 бода и ништо друго.

Каде е Гери Невил?

Ливерпул може да ја освои титулата и можеби ќе треба да се преселам во Папуа Нова Гвинеја, рече легендарниот бек на Манчестер Јунајтед. Изјава од која произлезе врвен трол на негова сметка.

Кога ќе ги изневериш своите и ќе завршиш кај ривалот

Заедно беа дел од епските моменти на клубот вкупно 9 сезони во кои освоија 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лига и една ЛШ. Шмајхел си замина во 1999-та за да се проба во Спортинг, а потоа се врати во Англија, прво во Астон Вила, а потоа кариерата ја заврши во Манчестер, ама во Сити, не Јунајтед.

14-те правила на Гери Невил за да се стане прав играч на Манчестер Јунајтед

Сакате наречете ги правила, сакате совети. Битно тие се поставени од страна на Невил на влезот од академијата. Во едно време кога се создадоа душата и симболите на клубот во ерата на Фергусон. Генерацијата 92`. Станаа легенди и примери од кои многумина може и треба да учат.

Клубот на Бекам, Гигс, браќата Невил и Сколс напредува многу добро

Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?

На Гери Невил му чукаа на прозор среде емисија

Во редовната емисија на Скај Спорт каде работи како стручен коментатор, синоќа на „Сент Џејмс парк“ стадионот во Њукасл, Гери Невил го збуни еден навивач на домашните.

Гери Невил даде гол каков што немал во кариерата

Вкупно 7 гола во цела кариера која вклучува 602 настапи за Манчестер Јунајтед и 85 за репрезентација е податок кој покажува дека легендарниот бек од Олд Трафорд никогаш не претставувал закана за голманите. Арно ама на 42 години не е човек да го остави сам пред гол.

Гери Невил, Карагер и Кристијан Голубовиќ

Некогашните големи ривали од Јунајтед и Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер веќе неколку години важат за признати експерти во студиото на Скај Спортс. Во пресрет на дербито Манчестер Сити - Ливерпул, Гери Невил објави коментар на Твитер, а Карагер го пецна со фотографија од српскиот криминалец.

Како Јирген Клоп зафркнал меч за влез во Бундеслига

Најхаризматичниот тренер на денешницата беше гостин во најгледаната фудбалска емисија во Британија, Monday Night Football каде стручни аналитичари се Џејми Карагер и Гери Невил. Беше и Тиери Анри но се повлече откако стана помошник тренер на Белгија. Синоќа во емисијата гостуваше Јирген Клоп кој покажа колку најдобро ја разбира фудбалската филозофија.

Може ли да ја спасуваме Валенсија од испаѓање?

На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?

Што му се случи на Лацио?

Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.

Кармата на Гери Невил

Англичанецот го одбра најлошиот момент во Валенсија за да стане тренер на овој клуб, а синоќа ги голтна зборовите од лани кога рече дека не би можел да ги гледа во очи фамилијарните доколку некогаш загуби 7:0.

Што велат легендите на Јунајтед за денешен Јунајтед?

Неколку легенди на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон отворено зборуваа за очајната состојба во екипата под водство на холандскиот стратег.

Што може Гери Невил да ѝ донесе на Валенсија?

Шпанскиот прволигаш ја изненади фудбалска Европа, откако покрај голем број кандидати се одлучи за стручниот консултант и помошникот на Рој Хоџсон. Зошто се решија за верниот бек на Сер Алекс?

Пет ѕвезди од другата страна на телевизорот

Русинот Кержаков е последниот фудбалер што стана стручен коментатор за некој спортски канал. Во Европа има пет познати играчи кои редовно коментираат натпревари еднакво добро како што играа фудбал. Кои се тие?

Легендите на Манчестер Јунајтед во улога на навивачи

Аматерскиот клуб Салфорд сити направи сензација во ФА купот каде го елиминираше третолигашот Нотс Каунти. Едни од најсреќните на трибина беа Гери Невил, Пол Сколс и Ники Бат кои заедно со Рајан Гигс и Фил Невил се газди на клубот.

Бездомниците на кои им се јави Гери Невил

Во Англија се регистрирани 280.000 бездомници, а тоа ги допре двете легенди на Манчестер Јунајтед. Тие го купија поранешното Градско собрание од кое ќе прават луксузен хотел, а во меѓувреме им обезбедија топла зима на неколку луѓе без покрив кои дадоа интервју за Гардијан и покажаа каде ќе живеат следниве месеци.

Како Гигс и Невил ѝ дадоа гол на сиромаштијата

Двете легенди на Манчестер Јунајтед ќе им дозволат на група бездомници да ја поминат зимата во имотот кој е во нивна сопственост а кој на пролет ќе стане луксузен хотел.

Гигс и Невил отвораат хотел „Фудбал“

Легендите на Манчестер јунајтед ќе станат претприемачи, откако решија да отворат хотел веднаш до Олд Трафорд, вреден 24 милиони фунти.

Како Де Хеа стана еден од најдобрите голмани во Премиер лигата

Модринката што му остана на шпанскиот голман на десната нога по одбранетиот шут на Марио Балотели на дербито против Ливерпул, според Питер Шмајхел е најдоброто чувство што еден голман може да го доживее.

Ѕвездите од генерацијата 92`

Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.