Невил: Ми се гади од одлуката на Јунајтед и Ливерпул, дајте им ја титулата на Барнли

„Треба да им бидат одземени бодови и парично да бидат казнети. Ова е криминал. Ова е казнено дело против љубителите на фудбалот. Одзмете им ги трофеите и дајте им на Барнли и Фулам“, вели бесниот Гери Невил.

Легендарниот бек на Манчестер Јунајтед удри силно пред камера и против својот поранешен клуб и против сите англиски екипи кои одлучија да и се приклучат на новоформираната Суперлига.

Гери Невил смета дека тоа се клубови на народот кои срамота е да носат такви одлуки и дека ако на пример Лестер ја освоил Премиер лигата, нормално дека како прв треба да биде во ЛШ.

Тој обвини дел од англиските гиганти дека сакаат да се дел од една таква елита за да не можат да испаднат.

„Навивач сум на Јунајтед веќе 40 години и ми се гади. Ми се гади најмногу од одлуката на Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Тој Ливерпул е клуб на народот, на навивачите, You never walk alone… Јунајтед пред 100 години го создадоа работниците, а сега сака да оди во лига каде што не може да испадне. Тоа е срамота. Сопствениците на овој клуб, како и на Ливерпул, Челси и Манчестер Сити немаат ништо со фудбалот во Англија. Тоа се клубови со 100 годишни традиции со навивачи кои живеат за овие клубови и ги сакаат и тие треба да бидат заштитени.

Не сум против пари во фудбалот, јас сум заработил многу од фудбалот, а и сега вложувам пари во фудбалот, но постојат некои принципи и етика. Ако Лестер ја освои Премиер лигата, нормално дека треба да биде во ЛШ. Јунајтед не е дел од Лигата на шампионите, исто како и Арсенал и Тотенхем, а тие сакаат да бидат таму и да не може да испаднат. Ова е циркуз кој мора да се спречи. Доста е веќе“, вели Невил.  

Тој отиде до таму што изјави дури и дека треба да ги исфрлат од лига и да им ги одземат трофеите.

„Големата шесторска треба строго да се казни. Да им одземат бодови и парично да се казнат. Ова е криминал. Ова е казниво дело против љубениците во фудбалот. Одземете им ги трофеите и дајте им ги на Барнли и на Фулам. Тие сакаат меѓусебно да играат, а остатокот од Англија да гледа како останатите 14 клубови се натпреваруваат во домашното првенство“

 
19 април 2021 - 12:02