Пет ѕвезди од другата страна на телевизорот

Русинот Кержаков е последниот фудбалер што стана стручен коментатор за некој спортски канал. Во Европа има пет познати играчи кои редовно коментираат натпревари еднакво добро како што играа фудбал. Кои се тие?

Гери Невил, Англија

Десниот бек беше симбол на Манчестер Јунајтед. Поранешниот репрезентативец на Англија во првиот состав на Јунајтед стигнал со 19 години, освои два пати ЛШ и гомила англиски трофеи. Сер Алекс му ја довери капитенската лента и го викаше „најдобриот англиски десен бек на својата генерација“.
 
Невил постариот (Фил е помлад), беше спремен да започне тренерска кариера, да добие соодветна лиценца, но на крајот се реши да стане стручен коментатор и одлично му оди. За разлика од него, неговиот брат Фил Невил е помошен тренер на Нуно Еспирито Санто во Валенсија.
 
Појавувањето на Гери Невил на реномираниот Скај Спорт предизвика смешни реакции и вицеви, но педантниот Гери постепено стана врвен аналитичар. Емисијата Неделна фудбалска вечер му помогна да биде посамоуверен пред камерата и ги совлада новинарските вештини. Употребува лукави фрази и остри паралели кога критикува некого.
 
Оливер Кан, Германија

Се прослави како голман на Карлсруе, Баерн Минхен и германската репрезентације. Повеќекратен шампион во Бундеслигата и освојувач на ЛШ. Еден од најдобрите голмани во историјата. За неговата успешна кариера напиша две автобиографски книги - Nummer Eins (Број 1) и Ich. Erfolg kommt von innen (Јас. Успехот доаѓа од внатре).

Во последната сезона како голман на Баерн, ја започна ТВ емисијата „Број 1" и беше на платниот список на каналот Премиере. Таму зборуваше за дуелите од Бундес, но и за својот живот. По завршувањето на својата кариера, Кан дипломираше на Универзитетот во Салцбург, а во истовреме редовно работеше и како стручен коментатор. Легендарниот голман има договор со каналот ЗДФ. Задача му е да ги анализира натпреварите од Бундеслигата. За 7 години ги навикна гледачите на смокинг, густа коса и вннимание.

Сантијаго Кањизарес, Шпанија

Кањизарес е дете на Реал Мадрид, но никогаш не доби вистинска шанса во овој клуб. Неговото трпение беше 10 години, после кои реши да замине и да се совпадне еден со друг со Валенсија. Кањизарес бранеше во Валенсија кога клубот го минуваше најдобриот период во клупската историја.По завршувањето на играчката кариера, не учеше за тренер и се заинтересирал за медиумска работа и собири. Кањизарес се разликувал од вообичаените експерти кои ги викаат на тв и радио програмите. Покрај тоа, Кањизарес со втората жена настапуваше на шпанскиот Танц со ѕвездите.

Емисијата Ел диа деспуес (El dia despues) стана препознатлива визит картичка за поранешниот голман на шпанската репрезентација. Заедно со Хозе Антонио Пасети, Кањизарес дава рутински аналитички коментари а прави и фудбалско шоу. Дискусијата е за глобалниот фудбал, а потоа има и смешни инсерти. Емисијата е многу популарна во Шпанија.

Џанлука Виали, Италија

Бо Џенова и Торино, Лука Виали го паметат како еден од најсаканите фудбалери на Сампдорија и Јувентус. Поранешниот напаѓач го освои Скудетото, освои ЛШ. Во Челси не успеа да засјае како фудбалер, но беше успешен тренер на овој клуб со кој освои неколку купови: Лига Куп, Куп на Куп победници, УЕФА Супер Куп и ФА Комјунити Шилд. Откако заврши во Челси, се обиде да ги оствари своите амбиции и во Вотфорд, но немаше резултати.

Веќе неколку сезони работи како експерт на каналот Скај Италија и не е лош. Посебно што до него седат Звонимир Бобан и Паоло Роси (Светски првак со Италија 1982. година). Жолчни расправии, пријателски пресметки, ривалитет, емоции - коментари на трите ѕвезди на Серија А. Вили најчесто е задолжен за коментарите на дуелите од Серија А и Лига на шампиони.

Одвреме навреме Виали се појавува и како аналитичар на Самп ТВ, клупскиот канал на неговиот поранешен клуб, каде ги анализира натпреварите на Сампдорија.

Марсел Десаи, Франција

Во 2004. година, Франс Фудбол преку анкета го бираше францускиот национален тим на векот и одбра 100 најдобри играчи во историјата на Ле Блус (Сините). Марсел Десаи беше при врвот, на 4. место поради главните достигнувања во '90-те години и почетокот на 2000-те: Лига Шампиони со истоименикот Марсеј, потоа СП во 1998. година во Франција и Еуро 2000.

Десаи има многу сличен карактер со Ибрахимовиќ. Премногу зборува и често ја шокира јавноста. Не стана тренер по завршувањето на кариерата, но набрзо научил да го продаде својот имиџ. Активната работа на Марсел Десаи во медиумите почнала уште пред 9 години како советник на радио.

Потоа влезе во британскиот БиБиСи и францускиот Канал +. Минатата година се пресели на популарниот канал Беин Спортс кој го финансираат арапски пари, аналогни на оние од ПСЖ. Ако вклучите некој од каналите на Беин Спортс во вечерите на големи натпревари, ќе го видите Десаи како дава стручни коментари.

Има пријатна интонација, активни движења, но и долг јазик. Со такви стручни коментатори едноставно е мерак човек да го помине фудбалскиот викенд пред екранот. Некогаш знае да се изнервира, како што во 2006. година му спукал на Сањол: Престани!