1. Избери кого ќе следиш.
2. Давај 100% цело време. Во Манчестер Јунајтед треба секогаш да држиш висок стандард, секој ден.
3. Запомни ја причината зошто си почнал да играш фудбал. Тоа е нешто што сакаш да го правиш и не го гледај како средство за заработка на пари, слава, жени и убави коли.
4. Одговорноста е фундаментална. Води сметка лично за себе и не гледај во туѓите сметки.
5. Анализирај ги и проценувај ги твоите перформанси. Биди си тренер сам на себе.
6. Имај силна работна етика. Работењето повеќе од другите, ќе ти овозможи да бидеш подобар од играчите кои се поталентирани од тебе.
7. Дај и на твојата професија сè што имаш и никогаш нема да зажалиш.
8. За да играш во Манчестер Јунајтед треба да имаш карактер кој ќе го развиваш.
9. Преземи ризици затоа што тоа е различен начин за да прикажеш лидерство.
10. Успехот и неуспехот се две страни на истата паричка и ќе бидеш принуден да ги доживееш емотивно и двете искуства. Запомни дека и да победиш и да загубиш можеш да направиш нешто во иднина.
11. Дознај повеќе за себе и што функционира највеќе кај тебе.
12. Не оставај ништо за случајноста.
13. Има неколку начини за да се стигне на врвот и многу малку се оние за следење, како на пример Гигс и Руни. Твојот предизвик е да го пронајдеш вистинскиот пат затоа што сите сме различни.
14. Способноста да се справиш и да ги надминеш повредите е од витално значење. За тоа треба да имаш силен менталитет. Обиди се да ги видиш твоите физички проблеми како можност за развој на твоето тело и ресетирање на умот.