Hotel Football можеби и не е најоригинално име, но ако се знае дека зад идеата стојат Рајан Гигс и Гери Невил, тогаш јасно е зошто хотелот кој ќе има 133 соби од кои половина ќе имаат поглед на Олд Трафорд, се вика така. Останатите соби ќе гледаат кон градот.
Официјалното отворање на хотелот во Манчестер е закажано за 28 февруари, а публиката јавно ќе може да го види на 2 март.
Цените за една ноќ ќе изнесуваат од 90 фунти до 240 фунти на денот на натпреварот. 12. спрат од хотелот е наречен „football heaven“ и таму може да се организираат натпревари со пет луѓе во екипа. На истиот спрат може да се организираат и приватни забави, прослави и церемонии (седум парови веќе резервирале соби за брачната ноќ).
Главни гости на отворањето треба да бидат Сер Алекс Фергусон, Пол Сколс (најредовен гостин), Луј Ван Гал, како и фудбалерите на Манчестер Јунајтед.