Капитенот на Манчестер Јунајтед беше и остана таков каков што го паметиме. Борбен, пргав и конфликтна личност, а не можеше да го скроти ни еден Фергусон. Еднаш му ја трмозеја левата рака, ама па затоа десната му беше слободна.
Во минатото „црвените ѓаволи“ имаа не баш малку капитени со силен, цврст карактер. Таков лидер денес нема во екипата која сезонава ја предводеа шест различни капитени.
Една од оние сцени во Премиер лигата во време кога парите не беа до толку во прв план како што е сега со Арапи и Руси. Кошкањето почнува со Виера и Кин, ги двојат Бекам и Беркгамп, а се вмешува Јап Стам. Колку само тежина има видеово со овие за жал веќе поранешни фудбалери.
Секогаш помал од другите, но подобар техничар кој во една вечер можел да испие колку сите соиграчи заедно. На теренот одлично крило, во дискотеките и клубовите кокаин и алкохол до раните зори. Незаборавниот Пол Мерсон.
Неколку легенди на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон отворено зборуваа за очајната состојба во екипата под водство на холандскиот стратег.
Поранешните ѕвезди на Манчестер Јунајтед жестоко ги критикуваат играчите и нивната игра за која велат дека е досадна. Овен смета дека “стариот“ Јунајтед би ја дувнал оваа група за четири кола, а Рој Кин за Руни рече дека изгледа ужасно.
Во деновите кога на стоперот на ПСВ Ајндховен, Хектор Морено му стигнуваат закани по живот поради бруталниот старт над Лук Шо, легендата на Јунајтед Рој Кин ги запрепасти навивачите на Манчестер со изјава за фаулот.
Откако Ирецот изјави дека малку фалело да го нокаутира Специјалниот по некоректниот потег за време на дуелот меѓу Челси и Астон Вила, Португалецот возврати во свој стил.
Англичаните се цареви за тоа како знаат да издвојат и да не вратат во највозбудливите моменти од неодамнешната историја во Премиер лигата. Откако ја собраа златната генерација на Манчестер Јунајтед и направија документарец, сега им текна нешто уште покреативно со двајцата поранешни играчишта Кин и Виера.