А таму, за разлика од Арсенал, се пиело пиво не само кога се славела победа. Последните места во автобусот за гостувањата биле резервирани за пушачите а оваа средина била измислена за Пол.
За среќа на Пол Мерсон, тренерот Граам го вратил од позајмица а навивачите топло го пречекале затоа што бил дете на клубот и редовно го частеле пиво во пабот до стадионот. Мерсон не глумел ѕвезда никогаш, се спуштал на нивото на обичните луѓе затоа што и самиот израснал во сиромашно семејство.
Почнал да се дружи со уште еден млад напаѓач од Арсенал, Ирецот Нил Квин (го паметиме од дуелите Македонија - Р. Ирска). Мерсон уште не постигнал ништо во Арсенал, но го обожавале навивачите а Чарли Николас во едно интервју го нарекол новиот Јан Раш (најдобар играч во Англија во '84-та кој преминал во Јувентус во '87-ма).
Тренерот Граам го ставил во игра за првпат против Вимблдон во ноември 1986 година. На стадионот ги пречекале соблекувална без струја, сол наместо шеќер и одвратно валкани тоалети. Но тоа не му сметало на Мерсон да го даде победничкиот гол. Првата глупост како првотимец на Арсенал ја направил кога еден вторник попладне се запил со соиграчите, тргнал со кола кон центарот и удрил во една бандера.
Испаничил, побегнал од местото и продолжил со другарите да пие. Кога дошла полицијата, рекол дека колата му била украдена, но лагата не му прошла како некогаш со родителите.
Возачката му била одземена на 18 месеци, а Арсенал му одбил 350 фунти од платата. Од друга страна Мерсон играл одлично и давал гол на секој трет натпревар. Но тоа било задоволство од една вечер, а Мерсон сакал шест вечери во неделата да му биде така убаво.
Набрзо имал пивски стомак, но внимателно се криел од тренерот и покажувал акробатски вештини додека им ја мереле тежината. Но не можел да сокрие, затоа што тренерот Граам добивал писма од навивачите: „Мерсон вчера се напи во пабот. Пие и го срамоти Арсенал". Мерсон се правдал дека тоа го прават љубоморните навивачи на Тотенхем кои праќаат писма.
Со Топџиите освои сè. Две титули шампион на Англија, еден ФА Куп, еден Лига Куп и еден УЕФА Куп на Купови. Дебитираше и за Англија, но не успеа да ги реши проблемите со зависноста од алкохол и кокаин.
Во 1994. година признал дека е зависен од кокаин, поради што фудбалскиот сојуз на Англија му закажала три-месечен третман за одвикнување од овие страсти. По рехабилитацијата, брзото десно крило се врати во '95-та на теренот и му помогна на Арсенал да го освои европскиот трофеј.
Играше уште и за Мидлзборо на кој му помогна да се врати во Премиер лигата, за Астон Вила, за Портсмут и за последниот негов клуб нисколигашот Тамворт. Со Англија играше на ЕП 1992. година во Шведска и на СП 1998. во Франција.Во моментов работи како стручен коментатор за Скај Спорт во емисијата Жилет Сокер Сатрдеј.