Очи во очи Рој Кин и Патрик Виера

Англичаните се цареви за тоа како знаат да издвојат и да не вратат во највозбудливите моменти од неодамнешната историја во Премиер лигата. Откако ја собраа златната генерација на Манчестер Јунајтед и направија документарец, сега им текна нешто уште покреативно со двајцата поранешни играчишта Кин и Виера.

Се работи за големи борци од средниот ред кои ги паметиме и како големи ривали на теренот. Очи во очи на маса ќе дебатираат за нивните епски битки во Премиер лигата во документарен филм кој ќе се емитува вечерва во Англија. 

Дел од темите за кои ќе зборуваат се ривалството и искрите на мечевите помеѓу Манчестер и Арсенал, потоа ќе раскажуваат за нивните најважни моменти во кариерата, но и за она што ги фрустрирало. Ќе кажат што мислат за Арсен Венгер и Алекс Фергусон сега, но што мислеле и додека им биле тренери.

Потсетување и на нивното кошкање пред големото англиско дерби во 2005 година и тоа уште пред да се појават на теренот на „Хајбери“, стариот стадион на „Топџиите“.

10 декември 2013 - 17:49