„Најтежок противник? Сколс од Манчестер. Он беше идеален играч од среден ред. Без сомнение Сколс беше најголем играч од средина на терен на својата генерација“, изјави еднаш Зинедин Зидан.
Кога вакво нешто ќе каже класа како Зинедин Зидан, легендата на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција и притоа додаде дека Сколс му бил идол, тоа значи многу. Во целата кариера тој никогаш не бил фалбаџија, туку беше познат како тивок и скромен. Зидан не е единствениот мастер на пас играта кој го испофали Сколс. Великанот на Барселона Чави е уште еден навивач на нискиот „везњак“ од Солфорд.
„За последните 15 или 20 години најдобар играч од среден ред којшто сум го видел е Сколс. Многу пати сум зборел за него со Чаби Алонсо. Сколс е играч кој може сè.“
Едгар Давидс, Сеск Фабрегас и бразилската легенда Сократес исто така го фалеа Сколс. А неговиот поранешен соиграч, Рајан Гигс, го нарече поранешниот англиски репрезентативец (за неа Сколс одигра 66 натпревари) најдобар играч во историјата на Јунајтед. Велшанецот тврдел дека тоа што Сколс го правел со леснотија, другите играчи не можеле ниту со сила.
Многу редок фудбалер а особено што не фигурираше често на списокот кандидати за различни индивидуални награди и никогаш не беше претендент за „Златна топка“, а заслужи толку големо внимание и уважување од своите современици. Секогаш гледаше да избегне силни светла, рефлектори и камери, скромен и тивок, а неверојатен мајстор со топката. Пол Сколс беше уште еден ученик од познатата „Класа ’92“ заедно со Гигс, Гери Невил, Дејвид Бекам и Ники Бат - но на самиот крај тој не бил во составот кој го освои Младинскиот Куп на Англија.
Но Сколс трпеливо почекал и блескал за младинците на Јунајтед кои со него пак стигнаа до финалето на Купот следната година кога Пол играше заедно со Фил Невил и беше избран за најдобар млад играч на клубот за сезоната 1992/93. Дебито за сениорите го забележа многу брзо после тоа.
Сколс го паметиме како играч на позицијата плејмејкер во средниот ред, но тој својата кариера ја започнал поблиску до противничкиот гол. Подоцна му следела трансформација од напаѓач во полушпиц, а од таа позиција го вратија поназад како диригент на екипата.
Стана првотимец во сезоната 1994/95 и брзо се промовираше во клучна фигура на неколку генерации во тимот на Сер Алекс Фергусон.
Почна како „гуштер на Ферги“ - група млади играчи кои играа заедно со Ерик Кантона и Питер Шмајхел. Во тоа време играта на Сколс била фокусирана на неговиот напаѓачки талент. Црвенокосото момче од Салфорд дебитираше на позицијата напаѓач во меч од Лига Купот против Порт Вејл во 1994 година кога ја демонстрирал својата техника на удари и познавање на играта.
Во моментот кога екипата на Фергусон ја освои тројната круна во 1999 година, Сколс стана партнер на Рој Кин во центарот од средината а двајцата беа права напаст за противникот - Сколс даваше одлични пасови напред и внатре во шеснаесетникот, а Ирецот беше познат по бескомпромисна борба и лидерство.
За жал овој тандем го пропушти финалето на Лига на шампионите против Баерн поради суспензија за жолти картони, иако двајцата создадоа почва за освојување на Европскиот Куп.
Бројот на голови на Сколс достигна од 8 до 10 гола во првата сезона, а неверојатниот учинок од 20 гола го забележа во сезоната 2002/03. Многу негови голови беа ефективни како на пример бомбите против Мидлзборо, Челси и Евертон или незаборавниот удар против Бредфорд Сити во 2000 година.
Сколс набрзо доби нова улога и тоа беше следен степен на неговата трансформација. Во следните сезони не даваше повеќе од 7 гола затоа што со Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој и Луис Саха во нападот, играта на Англичанецот беше фокусирана на поддршка на нападот од позадина, па како резултат на тоа тој стана веројатно најдобриот контролор на темпото на игра во историјата на Премиер лига.
Неговиот гол против Астон Вила од 25 метри се смета за најубав во неговата кариера и воопшто меѓу најубавите на Островот.
Таква беше и „пушката“ на Сколси од 25 метри против Барселона во 2008 година со која го однесе Јунајтед во финалето на Лига на шампиони во Москва:
„Црвените ѓаволи“ во борба за трофејот играа против Челси кога Сколс настапи. Тимот од „Олд Трафорд“ победи во серијата пенали а 33-годишниот Сколс го освои својот втор медал од Лигата на шампионите иако самиот лично вели дека освоил само еден - зошто финалето 1999. го пропуштил.
Сколс објави дека ја завршува кариерата во мај 2011 година, но беше како вино, што постар толку подобар. Го наговорија да се врати во јануари 2012 после што играше уште добри 18 месеци и ја увеличи титулата во Премиер лига.
20-годишна кариера во која освоил 20 значајни трофеи. Сколс може да жали единствено што повеќе не успеа на меѓународна сцена со репрезентацијата. На првите 16 меча во дресот на Англија дал 7 гола а на останатите 50 колку што одигра до крајот на репрезентативната кариера во 2004 година, само уште толку 7 гола.
Покрај Стивен Џерард и Френк Лампард, селекторот Свен-Горан Ериксон реши да го прекомандува Сколс на лево крило наместо во центарот каде беше дуетот млади играчи.
Многумина го осудија тоа решение на Швеѓанецот но самиот Сколс вели дека немал никаков проблем со тоа.
„Многу луѓе го криват Свен за моето заминување од репрезентацијата, но јас во Јунајтед исто играв на крило и давав многу голови. Но во репрезентацијата на Англија таа формација не ми годеше, не знам да кажам зошто. Со Свен имавме одличен однос како и со сите други впрочем. Ни се допаѓаше работата со него“, раскажа во една прилика Сколс во интервју за FourFourTwo.
Тој реши јас да играм на крило затоа што Џерард и Лампард подобро играа на средината. Тоа беше негов избор и јас не можев да му кажам каде да играм. Тој сметаше дека тоа е најдобро за мене.
Прд Светското првенство 2010 во Јужна Африка Фабио Капело се обиде да го врати 35-годишниот Пол Сколс во составот на „Трите лава“ и легендата на Јунајтед признава дека искушението било големо. Но тој претпочитал да остане дома и да го помине летото со своето семејство, откажувајќи се така од можноста да ја заврши меѓународната кариера на уште попозитивна нота.
Можеби недоволно го ценеа во репрезентацијата, но затоа на „Олд Трафорд“ го обожаваа. Иако тој во детството навивал за Олдам и пеел песни на „Мејн Роуд“ кога овој мал клуб играл против Манчестер Јунајтед во полуфинале на ФА Купот против Манчестер Јунајтед во 1990 година.
Сколс бил толку почитуван и сакан што Фергусон често се советувал со него за клучнит прашања. На пример го прашал еднаш што да прави со Руд ван Нистелрој кога Холанѓанецот почнал сериозно лошо да влијае на екипата („Продај го“ како од топ одговорил Сколс). А Пол никогаш не бил уличен играч да лаже или да има крајни намери.
Тој веројатно важи за најдобриот фудбалер од средниот ред на својата генерација. Тој не беше типичен англиски фудбалер. Неговите квалитети беа поблиски до ѕвездите на бразилската репрезентација од 1982-ра или Шпанија на СП 2010.
Како што вели песната од „Олд Трафорд“ Scholes scores many goals, но влијанието на Пол беше многу поголемо од давање голови...