Нема тука буткање врата, ставање пари во штикла и вртење погача со сватовите, ама има одење по невеста, црква, ресторан и матично, како и фаци кои ја освоија тројната круна на Манчестер Јунајтед. Фино е да се види таа легендарна банда на Фергусон во едно вакво расположение, особено Рајан Гигс кој растури на бина. И нормално не му пејат Наум Петрески и Миле Кузмановски, туку Род Стјуарт и Џорџ Мајкл.