Арсен Венгер денес слави јубилеј две децении на клупата на „Топџиите“. Дојде како иновативен тренер кој допринесе (уште допринесува) за развојот на убавиот фудбал. Во Премиер ги донесе Анелка, Виера и Тиери Анри и веќе во првата сезона освои двојна круна. Во последно време навивачите му замеруваат поради тоа што имал „змија во џебот“ и не троши пари за нови засилувања на тимот.