На 9. јануари 2012. година, Тиери Анри повторно го облече најсаканиот дрес како позајмен играч од Њујорк Ред Булс. „Тити“ тогаш имаше 34 години, влезе од клупата и постигна гол во негов стил со пласиран шут. Стадионот полуде а некои навивачи и плачеа од среќа. „Не мислев дека ќе се вратам, се вратив. Не мислев дека ќе играм, а играв. Не мислев дека ќе дадам гол, а дадов“, изјави Анри за својот најомилен гол во дресот на „Топџиите“.