„Колчонерос“ од 9’ минута играа со играч помалку, во 12’ минута им го исклучија и тренерот Диего Симеоне а Гризман ги спаси на 8 минути пред крајот за огромна радост на преку 2.000 гостински навивачи.
Антоан по којзнае кој пат е спасител на „Јорганџиите“. Во меч во кој Арсенал можеше до врв да ја наполни мрежата на гостите, Гризман и избега на одбраната и за реваншот носи фантастичен резултат.
Голот го прослави со необичен танц кој многумина веќе го видоа на дуелите со Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.
Тоа е нов фирмиран гест на Гризман и просто знак дека Антоан е во тек со актуелностите. Станува збор за Take the L од играта Fortnite Battle Royal - во моментов најмодерната компјутерска игра на светот. Движењето Take the L (прими го поразот) е лесно потсмевање над поразениот противник.
#UEL @AntoGriezmann 🎮🎮🎯 #Fortnite
— L'UEFA (@UEFAcom_fr) April 26, 2018
😃😃😃 #ARSATL pic.twitter.com/78VsOy9FeF
Станува збор за Take the L од играта Fortnite Battle Royal - во моментов најмодерната компјутерска игра на светот. Движењето Take the L (прими го поразот) е лесно потсмевање над поразениот противник.
Лицето кое танцува со крената рака, ја образува буквата L, почетната буква од зборот лузер.
Оваа видео игрица е толку популарна што ја играат дури и најпознатите фудбалски ѕвезди. На пример младиот англиски талент Деле Али од Тотенхем, за време на полуфиналето меѓу Баерн и Реал Мадрид не гледал фудбал туку играл Fortnite.
Приказната за фудбалскиот пат на Гризман тука.