Футуристичка сатира, „Последниот работник“ е игра во која треба да замислите што би правеле доколку сте последниот човек кој работи во кошмарна верзија на магацин на Амазон.
Се вика „ЕмилиБластер“ и како што асоцира и самото име е направена во стилот на оние „пињау-пињау“ игрици од 1980-тите. Само овде се пука со пердув и мастило и се составуваат стихови.
Бил замислуван како емоционален и финансиски антидот на Големата депресија. Светскиот саем во Њујорк од 1939 вклучувал куп технолошки изуми, а помеѓу нив ниматронот, едноставна но дијаболична машина, против која тешко се победувало.
Франк Рибери, кој од летово игра во Фиорентина, на својот Твитер објавил слика од себе на новата ФИФА2020 и напишал „Играв FIFA2020 со децата пред некое време. Хеј @EASPORTSFIFA... Кој е дечково?“
Месут Озил сезонава неколку пати пропуштал натпревари на Арсенал поради наводна повреда на грбот. Навивачите едно време мислеле дека така клубот го крие конфликтот меѓу германскиот фудбалер со турско потекло и новиот тренер Унаи Емери.
Оваа игра толку многу напредна што легендарната едиција 1999/2000 од оваа перспектива ни изгледа праисторија. Ама ќе се согласите дека се играше со најголема страст од сите останати верзии наваму.
На светот изгледа му е доста од игрици со насилство, крвови и стравови. Базирана на книгата на Хенри Дејвид Торо за неговото повлекување на имот покрај езерото Валден сега е преточена во игра преку која се вежба смиреност но и пар навистина корисни вештини за преживување во природа, а богами и во општество.
Брзината на Агуеро на FIFA 17 е 89 од 100, а на Керик 52. Во 85. минута од мечот (во тој момент Керик помина на терен 85 минути а Агуеро 15) двајцата тргнаа во полн трк. Како би изгледало тоа на FIFA 17, а како се заврши во реалност?
Англичанецот Мат Нејл на 15 години почнал да доставува извештаи за играчи до ултра популарната видео игра Football Manager. Откако напредувал, го вработиле во англиски четвртолигаш каде работи како аналитичар.
Дека гејмингот е сериозна заебанција пишувавме лани кога наградниот фонд беше 18 милиони долари а победниците заминаа со 6,6 милиони. Годинава во финалето учествуваше и нашиот Мартин Саздов од Свети Николе, а наградниот фонд беше повеќе од 20 милиони долари.
Како дел од нивната кампања Head vs Heart, Топ Елевен и Жозе Мурињо решија да им прават скриена камера на најдобрите играчи на менаџер кои дискутираа за Европското првенство. Со помош на хигиеничарката, ги збунија.
Три портали се отворени како влезови во непознати светови. Земјаните имаат испратено тимови да ги истражат, но по некаква несреќа ти си единствениот преживеан. Мисијата сепак останува иста: да се опстане, и да се раскаже.