„ЕмилиБластер“ е игра дизајнирана во ретро стилот на 1980-тите, во која играчите треба да испукуваат зборови кон небото за коректно да ги рекреираат стиховите на Дикинсон. Тоа е всушност верзија на фиктивна игра која ја создава лик од нов роман на Габриел Зевин, „Утре, и утре и утре“, кој треба да излезе следниот месец. Книгата е за Сејди и Сем, кои прв пат се среќаваат како деца во болничка компјутерска просторија во 1987. Осум години подоцна, тие повторно се спојуваат и прават компјутерски игри.
Помеѓу првите кои ги креира Сејди е токму „ЕмилиБластер“, па американскиот издавач Нопф (Knopf) одлучил да ја рекреира во рекламни цели.
Во играта има три нивоа, секое со поинаков поетски извадок: првото ниво е од „Љубовта е сè што постои“, второто од „Зборувавме како што тоа го прават девојките“, а третото е од „Надежта е она нешто со пердуви“. Играчот има за задача со добро нишанење на пердувот со мастило да ги погоди соодветните зборови и да го состави стихот.
Ова е прв пат издавач да лансира компјутерска игра врз основа на игра во книга. А ако сакате да ја пробате тоа можете да го сторите тука.