На пример, после големото градско дерби со Тотенхем (4:2), новинарите го прашале Унаи Емери зошто не играл Озил а тој одговорил дека Месут доживеал повреда на грбот но никој не е во тек кога се случило тоа ниту имало некаква информација од клупските гласила.
Еден навивач на Арсенал тврди дека има објаснување за болките на Озил во грбот. И сериозно го образложува ова: Според него болките на Месут му се од непрекинато играње Fortnite.
Озил е голем вљубеник во оваа игра и сите гејмери биле запрепастени кога ја виделе неговата одлична статистика: во октомври месец имал повеќе од 600 победи на 5.000 мечеви (супер учинок).
Ozil has 600 wins on fortnite uno pic.twitter.com/LcYn0eYhTj
— Carl (@MajesticMesut) October 11, 2018
Оваа теорија се појавила во коментар на една од фан-страниците за Арсенал:
„Секој којшто знае макар нешто за Fortnite, знае дека за да се остварат 600 победи е потребно неверојатно многу време. Да победиш еднаш треба да совладаш 99 играчи во соло, 48 противници во дуо и 24 други во екипно. Тоа е многу, многу тешко да се оствари.
Да бев јас извршен директор во Арсенал, тоа би ми кажало дека Озил води нездрав, неуреден начин на живот кој води во долги, доцни ноќи затоа што како сите најдобри игри, така и оваа е заразна.
Ако Озил има болки во грбот, може да му е од тоа што седи во едно место со часови додека покажува агресивност и борба кои никогаш не ги покажал на теренот. Секако, многу спортисти играат многу видео игри, но таа бројка од 600 победи (има одличен рејт од 12%) значи дека тој одиграл близу 6.000 натпревари на Fortnite.
Is Ozil’s Fortnite obsession affecting his fitness? Best theory ever imo
— Le Grove (@LeGrove) December 3, 2018
via LG comments. pic.twitter.com/EmfXi9E5BO
Интересно, Озил во октомври годинава го одиграл првиот стрим во Fortnite, и се покажало дека е многу добар играч: На 9 меча неговата екипа дури 3 пати влегла во Топ-3 екипите (има 25 екипи по 4 играчи) и само еднаш изгубила.
Германскиот фудбалер со турски корени во просек „ги убивал“ противниците во една игра што е сосема добар резултат.
За оваа зависност на Озил уште се зборува неофицијално, додека за истата зависност од видео-игри на Осман Дембеле од Барселона отворено клубот соопшти дека му дава ултиматум од јуни да се среди или ќе оди на трансфер-листа. Французинот кој дојде од Дортмунд на „Камп Ноу“, пропуштил неколку натпревари, доцнел и недоволно се залагал на теренот поради тоа што доцна во ноќта играл видео игри на Сони Плејстејшн.