Кралот на Лига Европа, како што новинарите го завикаа човекот кој со Севиља икс пати го освојуваше пехарот во ова натпреварување, не ги издржа нападите од навивачите, притисокот во соблекувалната и нелојалноста на некои играчи во Арсенал. Доби отказ, а на негово место, привремено седна Фреди Јунберг.