Во 1928-ма година клубот од градот Ирун во земјата на Баските се нашла на списокот учесници во првата сезона на шпански фудбал, како еден од победниците на Купот.
Реал Унион дури 4 пати го освојувал шпанскиот Куп (1913, 1918, 1924 и 1927), а во 1922-ра играл во финале. Два пехари во Купот Унион освоил откако го совладал Реал Мадрид, а во единственото изгубено финале бил поразен од Барселона.
Во првата сезона во историјата на шпанскиот фудбал, Унион заршил 9-ти од 10 екипи. После неколку години испаднале од лига и веќе никогаш не освоиле трофеј.
За целата долга историја, Реал Унион само четири сезони играл во Ла Лига.
Последен пат се слушнале надалеку за нив во 2008-ма кога го срушија Реал Мадрид во 1/16 финале на Купот. Дома победија 3:2 а на „Бернабеу“ изгубија 4:3 и отидоа понатаму.
УНАИ ЕМЕРИ ЌЕ КУПУВА МНОЗИНСКИ ПАКЕТ АКЦИИ
Тренерот на Виљареал и поранешен стратег на Валенсија, Спартак Москва, Атлетик Билбао, Севиља, ПСЖ и Арсенал, решил да го купи третолигашот Реал Унион.
Преговорите во негово име ги водат правникот Хозе Рете и брат му, новинарот Игор Емери. АС пишува дека договорот може да се случи на почеток на февруари и дека двете страни се договараат уште од минатата година.
Сегашниот претседател на Реал Унион, Рикардо Гарсија досега одбивал понуди за купување на клуобт од Аргентина, Мексико и Англија. Најверојатно мотивиран од идејата на Унаи Емери, тренер роден во Баскија, во градче кое се грании со Ирун.
Реал Унион е многу важен клуб за семејството на Емери. Дедо му Антонио Емери таму бранел до 1935-та година и освоил 2 Купа на Шпанија. Дедо му е најуспешен во фудбалската династија Емери зошто играл и во првата шпанска Ла Лига.
Двата сина на Антонио, Хуан (татко му на Унаи) и Роман се родени во Ирун и исто така биле фудбалери. Хуан како татко му бил голман и бранел од 1957 до 1959 за Реал Унион.
Голем дел од кариерата татко му на Унаи ја поминал во Сегунда: одиграл 204 натпревари за 14 сезони. Не бил многу висок за голман (173 см) но бил брз во реакциите и добар парадер. Хуан Антонио починал во мај 2015-та на 82 години.
Роман, чичко му на Унаи, брат на Хуан Емери играл во среден ред но за други клубови.
Во Реал Унион еден ден би можел да заигра и Ландер, син му на Унаи Емери кој сега тренира во академијата на Валенсија. Интересно, како дедо му и тој е голман.