Во Премиер лига првпат заигра играч роден во 2001 година

На мечот Арсенал - Фулам (4-1), за домаќинот во Премиер лигата дебитираше 17-годишното крило Букајо Сака кој влезе во историјата како прв играч роден во 2001-ва.

Сезонава дресот на „топџиите“ Сака го носеше неколку пати но во Лига Европа против Ворксла и Карабах. За него дебито во Премиер лигата е посебно нешто, особено што го имал пред своите навивачи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The future is bright for @bukayosaka87 ✨

A post shared by Bleacher Report Football (@brfootball) on

 

Сака е роден на 5 септември 2001 година во Лондон од нигериски родители. Играл за репрезентацијата на Англија U-16, U-17, U-18, а во моментов настапува за Англија U-19 и ништо чудно во блиска иднина да го видиме и меѓу сениорите.

Во детството Сака како мал имал поннуди од академиите на Арсенал, Челси, Тотенхем, Вотфорд и Фулам, но неговите решиле да го носат во фудбалската школа на Арсенал во северен Лондон.

Сезонава Букајо Сака игра за Арсенал U-23 чијшто тренер е легендарниот Фреди Љунберг.

Сака има 2 гола и 3 асистенции на 12 меча од младинската Премиер лига сезонава. Во септември 2018 тинејџерот го потпиша првиот професионален договор со Лондонците кои сериозно го планираат за првиот тим во иднина. 

По мечот на Арсенал со Карабах пред некој месец, Макл Овен го испофалил Букајо во студиото на BT Sport. Тоа беше првиот меч на Сака за Арсенал и ги одигра сите 90 минути.

„На почеток се нервираше но се опушти како минуваше мечот. Му фалеше храброст да оди напред. Но гледам како Роналдо игра така од натпревар во натпревар за Јувентус. Пред крајот од мечот Сака веќе ја покажа својата класа, стана посамоуверен“, рекол легендарниот центарфор на Ливерпул и Реал Мадрид кој знае како се игра шпиц.

Главниот тренер на Арсенал Унаи Емери за малиот Сака рекол тогаш: „Тој одигра добар натпревар, играше одлично. За нас е исклучително важно тој и натаму да пробува да оди еден на еден и да покрива во одбраната. Таквата игра го прави посамоуверен.“

Самиот 17-годишен офанзивен фудбалер е скромен: „Во клубот сум повеќе од 10 години, работам со првиот тим и тренирам со неверојатни играчи од највисоко ниво. Многу ми помагаат да се развија и ме инспирираат многу да тренирам.

Чуствувам дека развојот до кој стигнав годинава ме направи самоуверен но добро знам колку долг пат ме чека.“

2 јануари 2019 - 10:53