Овој триумф на познатата „жолта подморница“ стана историски не само за градот и жителите на Виљареал туку и за сама Лига Европа. Во овој шпански град живеат 51.000 жители и никогаш досега пехар во еврокуп не освоила екипа од толку малку неселен град.
Градот Виљареал се наоѓа на југо-истокот на Шпанија на неколку километри од Средоземно море. Основан е според легендата во 1274 година во периодот на Реконквиста, долгогодишниот воен процес за враќање на христијаните во земјите од Пиринејски полуостров.
Денес градот Виљареал е познат токму по својот најголем симбол - фудбалскиот клуб кој во 2006-та година стигна дури до полуфинале на Лига на шампиони но таму испадна од Арсенал (Рикелме промаши пенал во самиот финиш за продолженија).
Затоа фортуната ги погледна на 26. мај 2021 година во полскиот град Гдањск каде славеа после рекордна пенал серија каква што немало во едно европско финале. 22 пенали се изведоа, Виљареал победи 11-10.
Главен јунак на оваа приказна е тренерот Унаи Емери кој во Виљареал дојде во летото 2020-та. Тој по рекорден четврти пат ја освојува Лига Европа и на клубот му го донесе првиот вреден пехар во историјата.
Поддршка од големо значење Виљареал имаше од своите навивачи (на стадионот во полски Гдањск имаше околу 6.500 гледачи). Облечени сите во жолто, навивачите од Шпанија во текот на целиот меч беа погласни од англиските навивачи а драмата во пенал серијата се одигра баш пред жолтата трибина.
Околу 2.000 навивачи на Виљареал отпатувале во Полска, а оние кои останале дома будно го следеле големото финале против славниот противник.
Во 2003-2004 Виљареал два пати го освои малиот турнир Интертото Куп но овој пехар е на многу подруго ниво затоа што во современата Лига Европа неретко играат екипи посилни од оние што остануваат во Лига на шампиони.
Се славеше и во Гдањск и дома во Виљареал:
Од главните знаменитости на градот, тука е еден од плоштадите со згради од различни историски периоди и пазар:
Храмот посветен на Свети Хаиме од XVIII век. Хаиме бил крал на Арагоните, основач на Виљареал. Поради него градот и го добил името кое буквално означува „кралско село“.
Базиликата на свети Пасквал Бајлон - најголемиот католички храм во Виљареал:
Култниот „Естадио де ла Серамика“ кој може да собере пола град. Инаку во 2017-та година стадионот доби нов назив кој е поврзан со локалното производство на керамика. Виљареал во Шпанија се смета за град на керамичка индустрија. Нас нè асоцира на симпатичниот клуб кој од 26. мај 2021 го разубави клупскиот музеј со голем пехар.
ЛЕГЕНДАРНО ФИНАЛЕ, ВИЉАРЕАЛ ИСПИША БАЈКА ПОСЛЕ 22 ИЗВЕДЕНИ ПЕНАЛИ