Пенал рулетот го почнаа Шпанците и ги реализираа сите 11 обиди! Јунајтед исто така беше непогрешлив, сè додека не му дојде ред на шпанскиот голман Давид Де Хеа чиј пенал го одбрани Херонимо Руљи. Претходно аргентинскиот голман го совлада колегата за 11-10:
А уште кога Руљи ја местеше топката, ставот оддаваше голема трема и напнатост. Херонимо и самиот порано признал дека имал проблем од психолошка природа:
„Цел живот имав трема. Порано пред натпреварите ми се тресеа колената и ме болеше глава. Не знаев да се опуштамм и тоа беше мој главен порок. Додека останатите дечки слушаа музика и муабетеа, јас се борев со стрес. Ужасно беше тоа“, раскажал еднаш трофејниот шпански голман.
На еден од тренинзите во Естудијантес на времето, Херонимо Руљи дури и паднал во несвест. Се испоставило од преголема возбуда зошто три пати примил гол меѓу нозе и се плашел од последиците да не му викаат тренерите и соиграчите. А тие го однеле веднаш во болница и во коверт со честитки и поздрави му напишале: „Оздрави поскоро и не паѓај ниту со дух, ниту во несвест“.
Руљи одговорил на лист: „Ќе паѓам само по топка“.
И фудбалската судбина го доведе до големо финале на Лига Европа против Манчестер Јунајтед каде се фрли по една топка шутната од колегата Де Хеа и ја одбрани со што донесе вреден пехар.
„Првпат шутирав пенал, во цела кариера ова ми е првпат. Дури не знам ни како се случи тоа. Воопшто не размислував пред тој шут. Ако почнев да размислувам за варијантите, ќе беше многу лошо. Дури ги видов жена ми со децата зад голот!“
А Давид Де Хеа не одбрани ниту еден пенал од 11 обиди па серијата примени голови од пенал на шпанскиот голман му продолжи до 36!
Последен пат Де Хеа одбранил пенал во април 2016-та кога му фатил шут на Ромелу Лукаку на мечот Евертон - Манчестер Јунајтед. Од тогаш до денес, повеќе од 5 години шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата не се израдувал на фатен пенал. (пример Џиџи Буфон во кариерата има 77 неодбранети и 34 одбранети пенали, а Де Хеа 53-11)
Манчестер Јунајтед, верувале или не, ја изгуби и 6-та пенал серија од 7 вкупно во клупската историја. Го победиле само еднаш Рочдејл во Лига Купот на пенали во септември 2019-та. Притоа Јунајтед во европските финалиња секогаш победувал ако после 90 минути фудбал резултатот бил нерешен. Но со Виљареал не им тргна од рака.
Унаи Емери, тренерот на Виљареал кој по рекорден 4-ти пат ја освои Лига Европа, пенал драма гледаше и во 2014-та кога со Севиља на пенали ја совлада Бенфика (4:2). Тоа беше прв триумф на баскискиот стручњак, а синоќа во Гдањск четврт огромен подвиг.
ЛЕГЕНДАРНО ФИНАЛЕ, ВИЉАРЕАЛ ИСПИША БАЈКА ПОСЛЕ 22 ИЗВЕДЕНИ ПЕНАЛИ