Таг: давид де хеа

Мегваер и Де Хеа киксери на вечерта во Лига Европа

Манчестер Јунајтед не успеа да ја мине четвртфиналната фаза во ЛЕ против Севиља. Дома одигра 2:2, а на реваншот загуби 3:0 на свои грешки, недозволиви во нокаут фаза. Првиот гол на Шпанците им го подари Мегваер, а третиот Де Хеа. Хари не остана само на еден кикс. При вториот гол повреди свој соиграч. Неповторлив е.

Најпацерскиот гол во кариерата на Де Хеа

Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со 3:1 и ја продолжи победничката серија. Давид Де Хеа се сплетка како никогаш пред гол и го прими веројатно најсмешниот гол оваа сезона.

Пантерската одбрана на Де Хеа

По киксовите против Барнли и Саутемптон со кој одигра 1:1, Манчестер Јунајтед славеше против Брајтон и изби четврти на табела. Во напад работата ја заврши португалското дуо Роналдо - Фернандеш, а на гол извонредниот Давид Де Хеа кој во 39-та минута се фрли како мачка и спаси чист гол.

Давид де Хеа го спаси Манчестер Јунајтед од пораз со првокласна интервенција

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на гостувањето против Њукасл, а можеше да биде и полошо. Кавани го израмни резултатот во 71-ва минута, откако домаќините водеа по 7 минути игра, а на три минути до крај Де Хеа се фрли како мачка

Чудниот гол кој го прими Манчестер Јунајтед

Убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Арсенал со 5 гола и победа на домаќините од 3:2. Мечот го отворија гостите преку Емил Смит Роу во 13 минута по една глупава ситуација. Фред успеа да си го повреди голманот, па на ударот немаше кој да се фрли.

Двете херојски одбрани на Де Хеа во рок од 7 минути

Кристијано Роналдо со гол во 95-та минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед, но Давид Де Хеа ги спаси од пораз или можеби само од негатива од 0:2 во првиот дел.

Комичен одговор на Де Хеа на прашање за Роналдо

Голманот на Јунајтед одново брани во одлична форма. На мечот против Вулверхемптон на гости буквално го имаше најдобриот настап во последните неколку месеци. Манчестер славеше минимално и ја продолжи неверојатната серија од 28 меча без пораз на гостувања во Премиер лига. После мечот репортер го праша Де Хеа што мисли за новиот трансфер.

Давид Де Хеа последен пат одбранил пенал во 2016-та

Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.

Де Хеа па не е реално ова што го направи

Манчестер Јунајтед одигра 3:3 на гости против Шефилд Јунајтед во меч во кој „црвените ѓаволи“ сигурно ќе примеа повеќе погодоци ако го немаа шпанскиот голман на голот.

Ја видовте ли парадата на Де Хеа?

На гостувањето кај Шведска, Шпанците играа одличен фудбал, имаа посед на топка и неколку шанси, ама Швеѓаните поведоа први преку Берг во 50’ минута. Голем бод на Шпанија и донесе Родриго во 90+2’, ама и Де Хеа кој пред да излезе поради повреда во 60’ минута, бранеше добро.

Потеклото на неверојатната ножна техника на Де Хеа

Шпанскиот репрезентативен голман речиси на секој натпревар, кога ќе му се укаже прилика, демонстрира врвна ножна техника - елемент кој го нема секој врвен голман.

Давид де Хеа - Спајдермен меѓу голманите

Од голманот на шпанската репрезентација Давид Де Хеа сме виделе сјајни одбрани, ама тоа што го правеше синоќа против Тотенхем на „Вембли“ беше неверојатно. Рака му пружија и противниците кои немаа чаре како да го совладаат.

Де Хеа брани како што ќе посака

Оле Гунар Солскјер има стартни 6 од 6 со Манчестер Јунајтед од кои 5 во Премиер лига. На нагазната мина на препородениот Јунајтед нагази и Тотенхем пред своите навивачи, а херој на мечот без конкуренција беше Давид Де Хеа. Полуде дечкото на гол.

Две фасцинантни одбрани од синоќа во ЛШ

Кога се мисли на голман херој, тоа се однесува на интервенции од ваков тип кои на прва изгледаат невозможни. Му даваме предност на Давид Де Хеа кој на чудесен начин го спаси Манчестер Јунајтед можеби од пораз, а јако реагираше и Шчесни.

Пантерската интервенција на Де Хеа против Роналдо

Поразот на Манчестер Јунајтед од Јувентус е 0:1, само поради извонредниот Давид де Хеа. Овде човек не може да не се воодушеви на страшниот удар во трк на Кристијано кој упати проектил во агол, кој изгледаше дека е неодбранлив. Како ли само успеа да го скроти ова шпанскиот голман?

Ни Рамос не го познава доволно добро Роналдо

Девет години играат заедно во Реал Мадрид и што се вика знаат како дишат меѓу себе, ама тоа не е никаква гаранција дека може да си одмогнат кога ќе се сретнат во репрезентативен дрес. Тешко можеш да му најдеш слабост на Кристијано, особено не од пенал. Рамос му покажа на Де Хеа каде да се фрли, а овој го послуша и се заеба.

Дегажман со очи на Де Хеа

Аргентина синоќа доби толку голема лекција и шлаканица од Црвената фурија, што на ред да дојде да асистира и голманот. Шах мат акцијата беше во изведба на Де Хеа и Јаго Аспас од Селта. 

Реакцијата на Фердинанд, Сколс и Лампард за одбраната на Де Хеа

Страшниот голмански рефлекс на чуварот на голот на Јунајтед не остави никого рамнодушен. Тројцата легендарни англиски фудбалери кои во студио го следеа синоќешниот дуел меѓу Севиља и Манчестер Јунајтед му аплаудираа на Де Хеа, а Рио скокаше навивачки.

Луда одбрана на Де Хеа

Ако Манчестер Јунајтед ја пречека Севиља на Олд Трафорд без примен гол на вечерашниот дуел, тоа ќе биде заслуга на фантастичниот Давид Де Хеа кој прикажа врвен голмански рефлекс од 2 метри.

Светски шампион кој потпишал со Реал, па станал електричар и возач на Де Хеа

Од гол во финале на младинско Светско првенство против Бразил до дното на шпанскиот фудбал. Ова е приказната за симпатичниот Баба Суле.

Топот на Стефан Ристовски против Шпанија

Одлична фудбалска вечер на „Телеком“ Арената, зачинета со страшниот гол на десниот бек на Ријека кој му ја искина мрежата на Де Хеа.

Серхио Ромеро - Најдобриот резервен голман на светот

Не се жали што има помала минутажа од Де Хеа за кого вели дека е фантастичен голман. Му беше криво кога менторот Ван Гал кој го донесе во Манчестер замина, но кај Мурињо добива шанса да брани во Лига Европа.

Список на сите гревови на Кејлор Навас

Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.

Што се случи со Шпанија?

Двете победи на стартот ги замаскираа сериозните тактички проблеми во Ла Роха. Јавноста го бомбардираше Дел Боске со прашања зошто немало место за Коке, Тиаго, Азпиликуета, Габи, а имало за ветераните Хуанфран и Адуриз?